Top Sport

Навивачите на Јунајтед протестираа пред тренинг-центарот, им повикаа полиција

Полицијата на Манчестер била повикана пред тренинг-центарот на Манчестер јунајтед во Керингтон, откако 30-тина навивачи се појавија во знак на протест против газдите, американското семејство Глејзер.

Од клубот морале да ги заклучаат предните врати на тренинг-центарот, откако таму се појавија фановите со банерите напладне. Ова е втор протест во Керингтон, откако претходно дел од навивачите влегоа во центарот и дури успеаја да разговараат со поранешниот менаџер Оле Гунар Солскјер.

Пред мечот со Норич во сабота, навивачките групи повикаа на нов протест, најавувајќи дека ќе влезат на стадионот по 17 минути, една минута за секоја година под водство на Глејзери.

„Сите знаеме дека фудбалот е спорт на страст и емоции и го сфаќаме тоа, и секако, сфаќаме дека навивачите се незадоволни од нашата позиција на табелата. Верувам дека нашите навивачи се едни од најдобрите, ако не и најдобрите во Англија, така што било каков протест, доколку е мирен, е нормален. Имаат право на свое мислење и сфаќам зошто се разочарани“, изјави преодниот менаџер, Ралф Рангник.

Scroll to Top