Top Sport

Навивачите на Штурм со факели и аплаузи го испратија во вечноста Ивица Осим

Австрискиот клуб Штурм Грац организираше комеморација на стадионот во чест на Ивица Осим, човекот кој е избран за тренер на векот во клубот.

Осим мина осум години во Штурм од 1994 до 2002 година и освои осум трофеи, од кои две шампионски титули во најсилното натпреварување во Австрија.

Ковчегот на Ивица Осим беше поставен на теренот, а навивачите го испратија легендарниот тренер во вечноста со громогласен аплауз и со факели.

Фановите го скандираа неговото име и му посветија проштални пораки во книгата на жалоста која била оставена под трибината. Рефлекторите светеа точно 81 минута како симбол на годините кои ги мина Ивица Осим на овој свет.

Scroll to Top