Килијан Мбапе е категоричен дека Англија ќе ја победи Франција во четвртфиналето на Светското првенство во 2022 година и потоа ќе ја освои светската титула. Сепак, предвидувањето не е од суперѕвездата на „триколорите“, туку од неговиот братучед кој го носи истото име, пишува „Сан“.
16-годишниот Килијан Мбапе е роден во Франција, но пораснал во Лестер и исто така е фудбалер, а игра како лев бек. Неговиот татко, Стив Мбапе, е братучед на таткото на ѕвездата, Вилфред Мбапе.
„Можам да го запрам Мбапе. Брз сум како него и се чини дека тоа е семејна особина. Не сум лош како дефанзивец. Татко ми и целото мое семејство ќе навиваат за Франција, но јас сум луд обожавател на Англија. Сега сум повеќе Англичанец, отколку Французин. Го зборувам јазикот подобро и живеам овде подолго“, вели младиот Килијан од Лестер.
Неговиот братучед заработува 650.000 фунти неделно и поседува стан од 3 милиони фунти во Париз, додека тој заработува 6,5 фунти на час миејќи садови во паб во Лестер. Тој патува со автобус, за разлика од 23-годишниот Килијан, кој наизменично ги менува ексклузивните спортски автомобили.
„Тимовите ги креваат веѓите кога ќе го видат моето име на тимскиот список. Мислат дека тоа е некаква шега“, изјави „англискиот“ Килијан Мбапе.
On tomorrow’s front page: ‘I’m the real Kylian Mbappe and I live in Leicester – I’m backing England to beat France’https://t.co/dEYhAWYIn9 pic.twitter.com/W2R8TE7UOJ
— The Sun (@TheSun) December 7, 2022