Top Sport

Отавио: Роналдо сите нѐ бодреше, никогаш не кажа дека би заминал

Португалскиот весник „Рекорд“ објави дека Кристијано Роналдо се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата на Португалија откако селекторот Фернандо Сантош го оставил на клупата за осминафиналето на Светското првенство против Швајцарија. Соиграчот на Роналдо, Отавио, на прес-конференција ја демантираше таа приказна и објасни што се случило во соблекувалната на Португалија.

„Кристијано е наш капитен дури и ако е на клупата. Тој е вистински капитен и сите го следиме неговиот пример, дури и кога не игра. Знаете ли што направи кога дозна дека нема да игра? Тој разговараше со нас во соблекувалната и нѐ бодреше, особено Гонсало Рамош, кој играше на негово место. Никогаш не рече дека може да нѐ напушти“, изјави Отавио.

Португалците ја совладаа Швајцарија со 6:1, а Роналдо го стартуваше мечот од клупата за резерви и доби шанса во последните дваесетина минути.

Scroll to Top