Top Sport

Латифи се извини, Хорнер му вети доживотна достава на Ред бул!

Канадскиот возач на Вилијамс, Николас Латифи се извини, велејќи дека немал намера да одигра толку голема улога во исходот на Ф1 шампионатот на последната трка од сезоната во Абу Даби, додека од Ред бул му ветија доживотна достава на нивниот пијалок.

Латифи се судри во 52. круг од трката од 58 круга, за да предизвика излегување на безбедносното возило кое целосно ја смени ситуацијата во трката и дозволи на Макс Ферстапен да го претекне Луис Хамилтон за победата и титулата, во исто време предизивкувајќи протест од Мерцедес.

„Не беше моја намера и можам само да се извинам што така влијаев а шампионатот. Се мачевме низ неколку кривини, вклучувајќи ја таа и на која излетав. Тоа беше опасна кривина цел викенд за мене, и направив грешка. Не бев свесен за ситуацијата во трката и во ниту еден момент немав намера да влијаам на исходот, но направив грешка и ја уништив мојата трка“, изјави Латифи.

Шефот на Ферстапен, Кристијан Хорнер по трката за „Скај спортс“ изјави дека ќе осигура Канаѓанецот да добие доживотна достава на Ред бул. 26-годишниот Латифи може да си дозволи многу повеќе од доживотно снабдување со Ред бул, бидејќи е син на милијардерот Мајкл Латифи, сопственик на „Софина фудс“ и „Нидала“,  компанијата која купи 200 милиони фунти од Мекларен групацијата.

 

Scroll to Top