Ерлинг Халанд имаше спектакуларно враќање по повредата, откако веднаш по враќањето на теренот постигна гол за да ја комплетира камбек победата на Борусија Дортмунд против Волфсбург (1:3), нешто што наиде на незадоволство на една навивачка на домашниот клуб.
По шест недели пауза, на Норвежанецот му беа потребни само седум минути да го најде патот до мрежата, по што реши да прослави со покажување кон една навивачка на Волфсбург, која очигледно не беше воодушевена.
Самиот Халанд не се лутеше на гестот и го сподели на социјалните мрежи со порака: „Затоа го сакаме фудбалот“.
Don't provoke the fans, even if you're Haaland ? pic.twitter.com/fxXvKLko0w
— FLY-FOOT (@fly_foot) November 27, 2021
That's actually really funny https://t.co/hHyNRAAouF
— Erling Haaland (@ErlingHaaland) November 27, 2021