Најскапиот фудбалер во светот Нејмар да Силва бил подготвен да се врати во Барселона, дури и за двојно помала плата, ова го тврди весникот „Мундо Депортиво“.
Нејмар во 2017 година за рекордна сума од 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ. Од минатото лето го искажува своето незадоволство и не крие дека сака да се врати на „Ноу Камп“.
Според „Мундо Депортиво“ тој во ПСЖ има годишна плата од 36,8 милиони евра, а за да се врати во Барса се согласил да игра за двојно помала плата.
Бразилецот одбил да потпише нов договор со ПСЖ, инсистирал клубот да му дозволи трансфер во Барселона.
Проценките се дека овој трансфер би можел да „тежи“ помеѓу 150 и 180 милиони евра. Проблемот е што Барселона нема толку кеш, а ПСЖ не сакаат во трансферот на Нејмар Барселона да вклучи еден или двајца фудбалери.