Top Sport

Нејмар доби „лизгачки“ од бразилските навивачи

Нејмар доби незгоден удар од сопствените навивачи, кои успеаја да го поминат обезбедувањето и да се стрчаат кон бразилските фудбалери, по што еден навивач случајно налета со две нозе во ѕвездата на Пари Сен-Жермен.

По ова следуваше мала расправија и натегање со обезбедувањето откако еден навивач не сакаше да го пушти Нејмар, и кога конечно се ослободи, се забележуваше дека куцаше, но и дека остана без патика во инцидентот.

29-годишниот Нејмар се подготвува за два квалификациски дуели за СП во 2022 година, по што следува и Копа Америка на домашен терен.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');