Top Sport

Нејмар лут на жолтиот картон за „претерување“: Јас само играм фудбал (видео)

На Нејмар не му поминува лутината, откако во саботата судијата Жером Брисар му даде жолт картон при 5:0 победата на Пари Сен-Жермен над Монпелје по што се расправаше со судијата и во тунелот по натпреварот.

Со розева коса, Нејмар не постигна гол во едностраниот меч, но беше инспиратор на повеќето акции на неговиот тим, но во 38. минута Нејмар доби жолт картон откако се обиде да ја префрли топката над дефанзивецот.

„Јас само играм фудбал, а тој ми дава жолт картон?“, врескаше Нејмар на португалски јазик, по што доби прекор од судијата, кој му кажа: „Зборувај француски!“, по што тој во соблекувалната отиде со зборовите: „Мојот газ, француски“.

Сега, преку Инстаграм, Нејмар си постави фотографија со зборовите: „Јас само играм фудбал“.

 

View this post on Instagram

 

I just play football ??‍♂️⚽️

A post shared by ene10ta Érre ?? ? neymarjr (@neymarjr) on

Scroll to Top