Француската ѕвезда Килијан Мбапе одлучи да потпише нов договор со ПСЖ и ќе остане на „Паркот на принцовите“ до 2025 година. Неговата одлука ја поздрави Нејмар, кој е одушевен дека и во наредниот период ќе игра заедно со Мбапе во тимот.
„Мбапе направи вистински избор. Ова е негов град, негов клуб. Тој е еден од најдобрите фудбалери во светот и одушевен сум што и следниот период ќе играме во ист тим“, изјави Нејмар.
Пари Сен Жермен во последниот меч од сезоната во Франција го победи Мец со 5:0, Мбапе постигна хет – трик, а Нејмар беше стрелец на еден гол. Петтиот погодок за ПСЖ беше дело на Анхел ди Марија, кој се збогува со навивачите во Париз.