Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар, поради повреда ќе биде надвор од тимот еден месец.
Најскапиот фудбалер во историјата се повредил настапувајќи за својата репрезентација. Бразилците во неделата, во Сингапур, одиграа контролен натпревар со Неигерија (1:1), а Нејмар теренот го напуштил по само 12 минути.
Напаѓачот на Пари Сен Жермен почувствувал болка во левата нога, а подоцна било констатирано дека станува збор за повреда на препоната.
Нејмар ќе пропушти шест натпревари, а во тимот би требало да се врати за натпреварот со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, на 26.ноември.
Ова за Бразилецот е 11 повреда во последните две години.