Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Нејмар потврди дека требало да потпише за Реал Мадрид кога бил тинејџер, но одлучил да ја отфрли понудата откако му недостасувал домот.
Нејмар ја почна кариерата во бразилскиот Сантос, пред да замине за Барселона каде што освои трофеј од Ла лига и Лигата на шампионите покрај Лионел Меси и Луис Суарез, пред ПСЖ да платат рекордни 222 милиони евра за него во 2017 година.
„Кога имав 10 години, Реал Мадрид ме поканија на проба. Бев воодушевен, многу среќен, бев со нив на тренинг. Тоа беше во ерата на ‘Галактикосите’. Мислам дека гледав еден меч и сите голови беа дадени од Бразилци – два од Роналдо, еден од Робињо и гол од слободен удар од Жулио Баптиста и уште еден од Роберто Карлос. По мечот се фотографирав со нив. Останав таму една недела, но потоа сакав да се вратам дома во Бразил“, открива Нејмар.