Top Sport

Нејмар се врати, Мбапе постигна хет-трик, ПСЖ ја прослави титулата (видео)

Неделата навечер беше посебна на „Паркот на принцовите“, и резултатот при 3:1 победата над Монако не беше најважниот детаљ.

Пари Сен-Жермен и пред дербито ја освои титулата откако Лил одигра 0:0 кај Тулуз, така што резултатскиот притисок не беше тука. Нејмар по подолга пауза влезе и одигра едно полувреме. Килијан Мбапе постигна хет-трик, а на дресовите на парижани се оддаде почит на катедралата Нотр Дам.

ПСЖ ја освои шестата титула во последните седум години и осма во историјата на клубот (што не е така лошо ако се земе во предвид дека клубот е основан во 1970 година), и иако амбициите за трофеј од Лигата на шампионите повторно беа неуспешни (по според нив неоправданиот пораз од Манчестер јунајтед), 2018/19 барем во Франција е во знакот на „светците“.

А, тие во моментов кај себе го имаат можеби најдобриот фудбалер на светот – Килијан Мбапе, кој уште еднаш го покажа својот квалитет, со фантастична претстава, со три гола со неверојатна леснотија, со што стигна до бројката од 30 голови оваа сезона, како најмлад стрелец во историјата на Лига 1. Освен него, оваа сезона само уште еден фудбалер во Европа има постигнато над 30 голови во својата лига – Лионел Меси за Барселона.

Лил одигра без голови, Пари Сен-Жермен ја освои титулата

Scroll to Top