Нејмар, очигледно, ја следи Премиер лигата, откако како гости на на Европската покер турнеја, беше запрашан да даде мислење за англиската лига и за фаворитите.
Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, прво не сакаше да одговори кој би бил фаворит за освојување на титулата бидејќи тоа е „тешко прашање“, но кога од него беше побаран директен одговор, тој ги посочи актуелните шампиони, Манчестер сити.
„Многу е тешко да се даваат проценки, но мислам дека Манчестер сити ќе победат. Второто место ќе отиде кај Јунајтед, трети ќе се Челси, а четврти Тотенхем“, изјави Бразилецот.
Кога неговиот поранешен колега, Жерард Пике, кој присуствувал на интервјуто се зачудил што во топ 4 ги нема Ливерпул, Нејмар посочил дека неговата проценка е таа.