Добитникот на „Златната топка“ за 2022 година, Карим Бензема, нема да биде дел од Светското првенство поради повреда. Тој дојде во Катар, но ја обнови повредата и замина назад во Мадрид на рехабилитација.
Поранешниот капитен на Уругвај, Диего Лугано, тврди дека некои француски фудбалери се радуваат на отсуството на Карим Бензема.
„Сигурен сум дека некои француски фудбалери се среќни што Бензема нема да игра на Светското првенство. Знам за што зборувам, бидејќи бев соиграч на некои француски фудбалери, кои се среќни што Бензема нема да биде во тимот“, изјави Лугано.
Лугано играше за репрезентацијата на Уругвај од 2003 до 2014 година
„Тоа што се случува во француската репрезентација никогаш не би се случило во Уругвај, Бразил или Аргентина. Се зависи од начинот на кој селекторот ќе го одбере и состави тимот. Селекторот мора да води сметка за профилите на играчите, но не само за техничките предиспозиции, туку и за карактерните црти на играчите“, додаде Лугано.
Франција има огромни повреди со повредите. Покрај Бензема, Мундијалот ќе го пропуштат и Погба, Канте, Нкунку, Кимпембе и Мањан.