Top Sport

Неколку играчи не сакале Павар да биде во тимот, Љорис и Жиру ги смириле тензиите

Франција, бранителот на светската титула, од првата позиција во групата Д, се пласираше во осмина-финалето. Французите, в недела од 16 часот за противник ќе ја имаат Полска.

И покрај изборениот пласман во осмина-финалето, француските медиуми тврдат дека атмосферата во националниот тим е далеку од идеална.

Според „Л’Екип“ и бројни други француски медиуми, дошло до раздор меѓу играчите, поради лошите игри на Бенжамин Павар. Усман Дембеле и уште неколку други играчи наводно барале од селекторот Павар да го пресели на клупата, поради лошата игра на првиот меч против Австралија.

во одбрана на Павар застанале најискусните, капитенот Иго Љорис и напаѓачот Оливие Жиру.

„Разговарав со Павар по натпреварот. Тој е играч кој работи неверојатно напорно и секогаш е мотивиран. Воопшто не сум загрижен за неговиот настап бидејќи знам дека ќе биде најдобар кога е најпотребно”, изјави клупскиот колега на Павар од Баерн, Кингсли Коман.

„Точно е дека тој и јас имавме многу жестока дискусија. Ќе средивме работите. Тоа се нормални ситуации во фудбалот на ова ниво. Што му кажав? Му реков дека е ужасен и тој е свесен за тоа”, откри францускиот селектор Дидие Дешан.

Scroll to Top