Случајот кој предизвика многу контроверзи во Франција, на крајот нема да донесе до дисциплинска постапка – Француската професионална лига (ЛФП) одлучи Нејмар и Алваро Гонзалез да не бидат подложени на дисциплинска постапка за нивната пресметка во дербито ПСЖ-Марсеј и покрај обвинувањата за расизам.
„По целосно разгледување на случајот, сослушувањето на фудбалерите и на клубовите, комисијата утврдува дека нема доволно докази за постапка“, се вели во соопштението на ЛФП, што значи дека двајцата ќе отслужат само суспензија од два меча за црвените картони.
Нејмар го обвини Шпанецот Алваро дека го навредувал на расна основа, нешто што фудбалерот на Марсеј го демантираше, а во исто време се појави и контроверзна снимка во која Нејмар на расна основа го навредува дефанзивецот на Марсеј, Хироки Сакаи.