Напаѓачот на Евертон, Андрос Таунзенд уште еднаш потврди дека нема „лоша крв“ меѓу него и Кристијано Роналдо, откако дел од навивачите сметаа дека тој сакаше да се потсмева со Португалецот кога го постигна израмнувачкиот гол при вчерашното 1:1 реми на „Олд Трафорд“.
Таунзенд голот го прослави со славниот скок и „Сиууу“ на Роналдо, а по мечот изјави дека се работи за посвета кон Португалецот, а не за потценувачки гест.
Ова се докажа со тоа што Таунзенд го доби дресот на Роналдо по крајот на мечот и се пофали на социјалните мрежи.
„Само респект за G.O.A.T. (Greatest of All Time)“, напиша Таунзенд.