Top Sport

Нема прволигашки фудбал поради снегот

Снежните врнежи во Македонија го отежнуваат патувањето, па поради тоа донесена одлука за одложување на денешните натпревари од Првата фудбалска лига. Мечевите кои требаше да се одиграат денеска, се пренасочени за среда, 9. март, со почеток во 14 часот.

На распоредот е 22.коло, а одложени за три дена се натпреварите: Работнички – Шкендија, Струга Трим Лум – Македонија ЃП, Брегалница – Пелистер, Ренова – Шкупи, Академија Пандев – Борец.

Вчера се одигра единствениот натпревар од колото, Тиквеш го победи Скопје со 3-0.

Scroll to Top