Евертон пропуштиле шанса да потпишат професионален договор со норвешката гол-машина Ерлинг Халанд, откако тој како тинејџер поминал на четиридневен тест на клубот од Ливерпул.
Тој играше за малиот норвешки клуб Брине кога бил поканет од Евертон да тренира со нивната академија и Јан Еткинс, човекот одговорен за европските засилувања на „карамелите“ до 2016 година призна дека направиле голема грешка.
„Скаутот Брајан Кинг беше навистина возбуден за ова дете. Го гледаше Халанд повеќе пати во Норвешка и многу го ценеше и го повика во клубот на четиридневен тест за тренерите да го видат. Тоа беше пред тој да игра за Молде, но талентот се забележува и кога си млад. Академијата реши дека не е доволно добар, иако Кинг не се согласуваше тоа. Тој е некој кој избега на Евертон, но и тоа се случува во фудбалот“, вели Еткинс за весникот „Ливерпул ехо“.
Одбивањето на напаѓач кој има постигнато 18 гола во 13 меча од Лигата на шампионите на само 20 години и сега вреди над 100 милиони евра, е несомнено лоша одлука. Наместо да дојде во Евертон, Халанд тогаш потпиша со Молде, каде што работеше со сегашниот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, постигнувајќи 20 гола во 50 натпревари пред да се пресели во Ред Бул Салцбург, каде што стана ѕвезда.
Тој не е единствен ваков случај – Челси не му дале договор на 13-годишниот Килијан Мбапе приморувајќи го да потпише за академијата на Монако, додека Рој Кин бил одбиен од Брајтон бидејќи бил „премногу слаб“.