Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Гери Невил, смета дека клупското раководство се однесува скандалозно. Тој особено го истакнал пишувањето на британските медиуми, кои со денови пишуваат дека менаџерот Жозе Мурињо ќе добие отказ.
Споре медиумите Мурињо ќе добие отказ вечерва, по натпреварот со Њукасл.
„Искрено, многу сум лут. Од иста причина бев лут и пред три-четири години кога беше отпуштен Дејвид Мојс, а медиумите тоа го објавија дена претходно. Мислам дека и Ван Гал во текот на вечерта кога се играше ФА купот од други луѓе дознач дека е отпуштен. Недозволиво е нешто такво да му се нправи и на Мурињо, тој и понатаму е еден од најдобрите менаџери во светот. Доколку нешто такво се случи каде се тука принципите и моралот на Манчестер јунајтед.“, рекол Невил кој работи како стручен консултант за „Скај спорт“.
„Јунајтед го сакам и ќе го сакам додека сум жив. Клубот ми даде се во животот. Ова го зборувам со најдобра намера. Очигледно е дека работите во врвот не функционираат најдобро, а потоа виновни се менаџерите и фудбалерите. Треба да се запрашаме што работат челниците. Дали на некого тие му поднесуваат извештаи? Со тоа треба да се занимаваме, а не со критикување на менаџерот по медиумите. Тие луѓе го во водат најголемиот фудбалски клуб во светот како да играат „Фудбал менаџер“. Тоа е срамно и недопустливо“, рекол Невил.
Легендарниот бек на Јунајтед рекол и дека се надева дека Мурињо и во иднина ќе продолжи да ја обавува својата функција.