Top Sport

Никола Јокиќ ќе игра за Србија на Евробаскет 2022

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Никола Јокиќ, се враќа во репрезентацијата на Србија за Евробаскет 2022. Српскиот центар му потврдил на тренерот Светислав Пешиќ дека ќе игра во августовскиот „прозорец“ и на Европското првенство, но нема да биде дел од јунските натпревари поради правилата на НБА лигата кои ограничуваат колку време може да помине еден кошаркар со тимот.

Во конкретниот случај е на 28 дена до почетокот на Евробаскетот.

„Редовно разговараме со сите кандидати, ги следиме нивните игри како и различните ситуации во кои се наоѓаат на крајот од една многу напорна клупска сезона. Ситуацијата е особено сложена во однос на првите два натпревари кои не очекуваат, против Летонија и Белгија, и многу е важно да имаме разбирање и трпение. Она што е сигурно е дека НБА играчите имаат ограничување на максималниот број денови што можат да ги поминат со репрезентација во текот на едно лето .Прозорецот во август го потврди и Никола Јокиќ, кој ќе биде со репрезентација од првиот ден кога тоа го дозволуваат правилата на НБА“, изјави директорот на машката репрезентација на Србија, Драган Тарлаќ.

Scroll to Top