Македонскиот прволигаш Силекс успеа да го ангажира досегашниот фудбалер на Вардар, Никола Ристески. Тој е четвртото засилување за тимот на Горазд Михајлов, каде претходно пристигнаа и Халил Мухаремовиќ, Марко Ѓорѓиевски и Хамза Рамани.
Со ова продолжи „егзодусот“ на фудбалери од најтрофејниот македонски клуб Вардар кој очигледно дека има проблеми од финансиска природа.
Никола Ристески во кариерата беше член на Ренова, Работнички, Борец, Кит-Го и на Еуромилк, а потекнува од младинската школа на Вардар.