Иако Парма и Сампдорија вредат за „пријателски клубови“, нивната пресметка во 35. коло донесе шест гола (3:3 реми), два пенали (по еден за двата тима) два црвени картони и два гола за ветеранот Фабио Кваљарела, кој сега има 25 постигнати голови оваа сезона. Аталанта, пак, се искачи на четвртото место, кое води во Лигата на шампионите по импресивната 3:1 победа кај Лацио.
Пријателските односи меѓу Парма и Сампдорија се покажаа со тоа што тимовите носеа дизајни на дресовите базирани на историските дресови на својот противник во чест на „30 години пријателство“, но на теренот не беше многу мирољубиво.
Parma and Sampdoria wore special kits today, based on the design of each other’s traditional shirts, to celebrate 30 years of friendship ? pic.twitter.com/gkXusfGSLk
— B/R Football (@brfootball) May 5, 2019
Парма дојде во водство уште во втората минута преку Бруно Алвеш, по што следуваше целосен пресврт – Кваљарела со два гола и Дефрел со еден донесоа 1:3 водство за Самп, пред домаќините да се вратат со два гола за само три минути за 3:3. Финишот донесе и нервоза, откако прво Омар Коли од Сампдорија доби црвен картон за удар со лакт во 88. минута, пред Јурај Куцка да добие втор жолт за Парма во 91. минута.
Фантастичната сезона за Аталанта (тие се во финалето на Копа Италија) продолжи по импресивната 3:1 победа на „Олимпико“ кај Лацио. И тука домаќините дојдоа во водство преку Пароло во третата минута, пред Аталанта да се врати со головите на Запата, Катање и Џимсити. Со овие три поени, Аталанта се четврти со 62 поени, пред Рома (58 поени и натпревар помалку), Торино (57 поени) и Милан (56 поени), додека Лацио се само осми со 55 поени.
СЕРИЈА А, 35. КОЛО
Лацио – Аталанта 1:3
Парма – Сампдорија 3:3
Сасуоло – Фрозиноне 2:2