Поранешниот капитен на Хајдук, Зоран Нижиќ е едно од новите засилувања на рускиот прволигаш Ахмат Грозни, и на еден од тренинзите како дел од „запознавање“ со тимот, тој мораше да испее песна по свој избир
Кога тренерот бара од него да испее една хрватска песна, Нижиќ сепак се реши за Босанецот Халид Бешлиќ и неговата песна за првиот бакнеж. За ова доби искрен аплауз.
На хрватските фудбалери очигледно им „лежи“ фолкерскиот звук. Пред некој ден, Алваро Мората се пофали со видео на кое ја слуша музиката која му ја даде неговиот соиграч од Челси, Матео Ковачиќ. Да не зборуваме за песните на Домагој Вида од СП во Русија.