Њукасл немаше победа во Премиерлигата на последните пет натпревари токму затоа многу важен беше денешниот меч против Вулверхемптон. На крајот, тимот на Еди Хау успеа да слави со 2:1 и сега гледа и кон четвртото место на табелата кое води во Лигата на шампионите. Во моментот Њукасл има четири бода помалку од четвртопласираниот Тотенхем, но и два одиграни натпревари помалку.
Александер Исак го доведе домашниот тим во водство во 26.минута, но Вулверхемптон израмни преку Хванг Хи-Чан во 70.минута.
Сепак, триумфот за Њукасл го донесе Алмирон со голот во 79.минута.