Top Sport

Нојер го пропушта почетокот на Бундеслигата

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер, ќе го пропушти стартот на новата сезона во Бундеслигата. Германскиот шампион почна да тренира со новите засилувања Рафаел Гереиро и Конрад Лајмер, но без Нојер.

„Почетокот на Бундеслигата и Суперкупот е премногу амбициозна цел за него. Потребно ни е само трпение со оглед на сериозноста на повредата“, изјави тренерот Томас Тухел на почетокот на тренинг кампот во Баварија.

Тухел потврди дека Нојер ќе ја пропушти азиската турнеја на Баварците од 24 јули до 3 август, со натпреварите во Јапонија и Сингапур, а потоа полека ќе почне да тренира со тимот.

Првиот официјален натпревар на германскиот шампион е за Суперкупот на 12 август против победникот на купот, Лајпциг.

Баварците ја отвораат сезоната во Бундеслигата една недела подоцна на гостувањето кај Вердер Бремен.

Нојер нема играно откако доби фрактура на потколеницата во несреќа на скијање во декември. Првично беше планираше да биде подготвен за почетокот на сезоната.

 

 

Scroll to Top