Голманот на Баерн Минхен, Мануел Нојер вели дека се „изнасмеал“ на шпекулациите дека денеска ќе го објави неговото повлекување од фудбалот по последната повреда на мускулот на ногата.
33-годишниот Нојер, кој поголемиот дел од сезоната 2017/18 ја помина во аут поради скршено стапало, се повреди на мечот со Фортуна Диселдорф во неделата и ќе паузира најмалку две недели. Кога се појави веста дека тој ќе има прес-конференција денеска, германските медиуми тврдеа дека се работи за објавување на пензија.
„Искрено, се смеевме на тоа со тренерот Нико Ковач. Се согласивме на оваа прес-конференција уште пред една недела и гарантирав дека ќе бидам достапен бидејќи многумина сакаа да ме слушнат како зборувам. Се надевам дека ќе почнам со тренинзи за две недели, а целта е што е можно побргу да бидам во игра. Мечот со Лајпциг на 11 мај е реална цел, но ќе одиме чекор-по-чекор“, вели Нојер, кој смета дека проблемите со мускулите се нормални по долгото отсуство.
Manuel Neuer retiring? ?
Don’t make him laugh! ? pic.twitter.com/nb3x9xLcJm
— Goal (@goal) April 17, 2019