Top Sport

Нотингем со еден од најлошите корнери во историјата на Премиерлигата

Првиот премиерлигашки меч на Нотингем форест по пауза од 23 години не помина најдобро откако тие беа декласирани од Њукасл јунајтед со 2:0 на „Сент Џејмс парк“, но на социјалните мрежи најинтересна беше реакцијата на еден зачудувачки корнер од новиот премиерлигаш.

При резултат од 1:0 за Њукасл, тимот на Стив Купер реши да изведе корнер во ситуација кога ниту еден нивни играч не беше во шестнаесетникот. При изведувањето пет фудбалери влетуваат во шестнаесетникот во обид да ги изненадат ривалите, но топката сигурно завршува во рацете на голманот Ник Поуп.

Scroll to Top