Алисон Бекер е следниот од тимот на Јирген Клоп кој долгорочно се обврза на Ливерпул, откако бразилскиот голман потпиша договор со „црвените“ до 2027 година.
По трансферот од 65 милиони фунти (тогаш рекорд за голман) од Рома, Алисон се промовираше во еден од најдобрите голмани на светот и беше клучен човек во тимот кој ја освои титулата од Лигата на шампионите во 2019 и Премиер лигата во 2020. Тој исто така стана првиот голман во историјата на Ливерпул со постигнат гол, откако го постигна победничкиот гол за победата на Вест Бромвич Албион во мај, за клучни три поени за топ 3 пласман.
Алисон се приклучува на Трет Александер-Арнолд и Фабињо како членови на првиот тим кои склучиле долгогодишни договори со клубот од „Енфилд“.