Top Sport

Нов формат во Купот и Суперкупот на Шпанија

Шпанскиот фудбалски сојуз објавија дека од наредната сезона, во сила ќе стапат измените кои се однесуваат на одигрувањето на натпреварите во Купот и Суперкупот.

Од наредната сезона, до полу-финалето, во Купот ќе се игра по еден натпревар, што значи дека прволигаштите што ќе се пласираат во самата завршница ќе одиграат четири натпревари помалку.

Досега, во Купот на Шпанија, во секоја фаза се играа по два натпревари (дома-гости).

Суперкупот, нема да се игра на почетокот на сезоната како досега, туку ќе се играа во јануари и тоа како турнир на кој ќе учествуваат четири екипи. Учесници ќе бидат финалистите во Купот и две првопласирани екипи во Ла Лига.

Наредниот Суперкуп ќе се одижи од 8 до 12 јануари 2020 година, најверојатно во Саудиска Арабија. Веќе е познато дека учесници ќе бидат Барселона, Атлетико и Реал Мадрид, односно Валенсија.

Scroll to Top