Навивачите на ЦСКА Софија, таканаречени „Трибина Сектор Г“, упатија апел до управата на клубот да не игра пријателски натпревар со Македонија ЃП на 29. јануари. Ова е втор пријателски меч што најверојатно ќе биде откажан, откако и Пирин го откажа тестот против ФК Скопје.
Тие отидоа и предалеку, па објавија карта на која Македонија е дел од Бугарија.
„Ќе ја искористиме нашата трибина да ги повикаме раководните фактори во нашиот сакан клуб да ја откажат претстојната контрола на 29 јануари со ФК Македонија Ѓорче Петров. Вето за антибугарштината! Силно веруваме дека нашиот национален интерес и достоинство немаат алтернатива. Бугарија пред се!“, истакнаа навивачите на Фејсбук.