Top Sport

Петровиќ: Можеме до победа на дуелот со Морнар

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Александар Петровиќ, е оптимист во пресрет на новиот натпревар од АБА лигата против Морнар. Дуелот се игра утречер (18 часот) во СЦ „Јане Сандански“.

„Против нас имаме тим кој одлично ја отвори сезоната, но кој беше во резултатска криза поради што во Скопје ќе сака да се врати на победничките патеки. Главни играчи се Расел и Михаиловиќ, но и на останатите позиции се одлични. Морнар е предводен од одличен тренер, кој сигурно ќе се обиде да најде начин да пронајде начин за триумф. Очекувам добар натпревар, во кој треба да покажеме агресивност во одбраната и во нападот за да одиграме на исто ниво како против СЦ Дерби. Ако го сториме тоа и ако имаме поддршка од трибините, тогаш верувам дека ќе дојдеме до целта, а тоа е значаен триумф”, изјави Александар Петровиќ.

Страхиња Миќовиќ одигра на гостувањето против Цедевита Олимпија, па очекува добро издание на тимот на утрешниот меч.

„Зад нас е серијата тешки напревари против најголемитите фаворити во лигата во кои, за жал, не успеавме да изненадиме, но добро е што победивме против СЦ Дерби со што што пожавме дека може адекватно да се справиме со такви ривали. Токму тој дуел треба да ни биде патоказ како да играме и против Морнар. Очекувам слична енергија и мислам дека тоа е клучот за евентуалниот успех. Добро го познавам противникот, знам како размислува нивниот тренер и инсистира на брза игра со многу шутеви за тројка. Ако ги сопреме нивните бекови тоагаш ќе бидеме многу поблиску до триумфот“, изјави Миќовиќ.

Scroll to Top