Top Sport

Нови проблеми за Франција – се разболе и Кингсли Коман

Проблемите со физичката подготвеност на тимот на Дидие Дешам се зголемија, откако и трет фудбалер појави знаци на грип пред неделното големо финле во кое Франција ќе се обиде да ја одбрани светската титула против Аргентина.

Пред полуфиналето против Мароко, беше потврдено дека Дајот Упамекано и Адриен Рабио ќе отсуствуваат поради грип и уште не е јасно дали тие ќе бидат подготвени за неделното финале, а сега Дешам потврди дека и трет фудбалер е погоден од болеста, крилото Кингсли Коман. Француските медиуми тврдат дека постои голема загриженост за ширење на вирусот, кој го нарекуваат „камила“, и дека Рабио бил поставен во изолиран хотел подалеку од неговите соиграчи.

„Коман имаше треска утрово. Во Доха температурите се малку пониски, но затоа клима уредите постојано работат и имаме неколку случаи на болест со симптоми на грип. Се обидуваме да бидеме внимателни за да не се рашири. Дајот беше болен веднаш по мечот со Англија, но тоа се случува кога физички си исцрпен и телото е поподложно на овие вируси“, изјави Дешам.

Scroll to Top