Top Sport

Рој Кин ќе навива за Аргентина: Поради Меси тие се фаворити во финалето

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, а сега ТВ-коментатор, Ирецот Рој Кин ги смета Аргентина за „мали фаворити“ пред финалето на Светското првенство против Франција во недела, само поради тоа што го имаат Лео Меси во тимот.

Аргентина ги победи Хрватска, Холандија и Австралија на патот до финалето, а Лео Меси постигна пет гола на турнирот, додека Франција ги елиминираше Мароко, Англија и Полска, а Килијан Мбапе е израмнет со голови со Меси пред големата пресметка.

„Финалето навистина е интригантно оваа година. Секако, ќе биде големо финале и едвај чекам да го гледам. Кога ќе ги погледнете Франција против Мароко и Англија ќе си помислите не се толку силни, но ја завршија работата. Во исто време примија еден гол во тие два меча, и тоа од пенал. Но, Аргентина, со целата поддршка зад нив, енергијата на тимот и секако, Лионел Меси, мора да признаете дека се мали фаворити. Против Хрватска видовме повторно од најдобриот Меси. И го прави тоа со години. Уживам да го гледам. Знаете што, се надевам дека ќе победат, дури и само поради него. Мислам дека ќе бидат охрабрени од тоа колку шанси направија Мароко и колку лесно го поминуваа средниот ред на Франција. Но, во недела ќе биде поинаков меч со поинаков интензитет“, оценува Кин.

Scroll to Top