Top Sport

Новиот аргентински дрес со три шампионски ѕвезди е експресно распродаден

Во Аргентина продолжува лудилото по освојувањето на титулата светски првак. Во меѓувреме, започна претпродажбата на новиот дрес на фудбалската репрезентација со три ѕвезди, наменет за трикратните светски шампиони, а од компанијата „Адидас“ наведуваат дека првата фаза од дресовите распродадена.

По неколку часа не можеше да се регистрира и порача дресот преку интернет, а аргентинските навивачи се обидоа да го набават новиот дрес и во продавниците.

„Во оваа почетна фаза е распродадена првата серија на достапни дресови“, се додава во соопштението на „Адидас“, кој е снабдувач со опрема на новите светски шампиони.

„Адидас“ соопшти дека залихите ќе се надополнат во наредните недели, со зголемувања во текот на јануари и февруари.

Scroll to Top