Top Sport

Салах го надмина легендарниот Кени Далглиш

Мохамед Салах постигна гол во победата на Ливерпул од 3:1 на гости против Астон Вила и сега има 172 гола во сите натпреварувања за „црвените“, со што се израмни со легендата Кени Далглиш за седмото место на вечната листа на клубот.

Стрелец број 1 во историјата на Ливерпул е Јан Раш со 346 гола, а потоа следат Роџер Хант (285), Гордон Хоџсон (241), Били Лидл (186), Стивен Џерард (186) и Роби Фаулер (183).

„Фантастично достигнување, Салах! Беше одлично да се видат тие голови од трибините. Го одведов мојот внук на гостински натпревар за првпат и ви благодарам што го направивте натпреварот незаборавен за него“, напиша Сер Кени Далглиш на Твитер.

Scroll to Top