Новиот тренер на ПСЖ, Кристоф Галтие, им забрани на сите фудбалери, вклучително и на најголемите ѕвезди Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар, да користат мобилни телефони за време на клупскиот појадок и ручек, објавија француските медиуми.
Галтие, исто така, наредил триото Меси, Мбапе, Нејмар, задолжително да вечера со остатокот од тимот во клупската база, што досега не било пракса.
Новите мерки на тренерот вклучуваат и доаѓање наутро во периодот од 8:30 до 08:45 часот. Секој што ќе задоцни, подобро би му било да се врати дома.
Фудбалерите на ПСЖ во петокот во Токио го совладаа јапонскиот тим Кавасаки во пријателски натпревар со 2:1.