Top Sport

Новите сопственици на Челси ќе издвојат 200 милиони фунти за засилувања

Новиот сопственик на Челси, Тод Боли, е подготвен да одвои 200 милиони фунти за засилувањата на тимот ова лето. Премиерлигата вчера го одобри преземањето на Челси од американскиот конзорциум на чело со сопственикот на Лос Анџелес Доџерс, Тод Боли. Сагата заврши и Роман Абрамович и официјално влезе во историјата на овој клуб, а доаѓа нова ера.

Рускиот олигарх ја промени перцепцијата за фудбалскиот пазар откако го презеде клубот од „Стемфорд Бриџ“ во 2003 година, бидејќи имаше огромни вложувања во тимот со кој освои два трофеи во ЛШ, пет пехари во Премиерлигата и многу други трофеи.

Новата сопственичка структура предводена од Тод Боли подготвува инвестиција од 200 милиони фунти во која влегуваат и пари од продажба на одредени фудбалери. Ова се однесува на Маркос Алонсо, Хаким Зијеч, Тимо Вернер и Кристијан Пулишиќ. Некои од нив дефинитивно си заминуваат од Челси.

Заминувањето на Антонио Рудигер и Андрес Кристенсен јасно ја ставија одбранбената линија како приоритет за реорганизација. Челси веќе има неколку имиња на списокот, од кои прв е стоперот на Севилја, Жул Кунде, дефанзивецот на Вилјареал, Пау Торес, потоа Јошко Гвардиол, и Хозе Хименез.

Тод Боли и неговиот конзорциум издвоија 4,25 милијарди фунти за купување на Челси од Роман Абрамович.

Scroll to Top