Франк де Бур има уште едно лошо тренерско искуство во својата кариера, откако си замина од позицијата селектор на Холандија по разочарувачката елиминација од Чешка.
Де Бур пристигна на оваа позиција откако минатото лето Роналд Куман реши да ја преземе Барселона, и постојано беше критикуван за својата необична тактика, која беше далеку од напаѓачкиот фудбал со кој се гордеат „лалињата“ и сега вели дека со нов тренер треба да се продолжат квалификациите за Светското првенство.
„Во очекувањето на проценката на работата, решив да не продолжам како селектор. Целта не беше остварена, тоа им е јасно на сите. Кога во 2020 добив понуда да станам селектор, мислев дека тоа за мене е чест и предизвик, но бев подготвени и на притисокот кој ќе биде поставен. Тој притисок сега е зголемен и оваа ситуација не е здрава за мене, но ниту за тимот кој ќе продолжи со квалификациите. Сакам да се заблагодарам на сите фанови и на фудбалерите“, изјави 51-годишниот Де Бур.