Top Sport

Нубел: Не гледам поента да се вратам во Баерн Минхен

Голманот на Монако, Александер Нубел, не размислува за враќање на „Алијанц арена“ оваа зима. Тој потенцираше дека не гледа поента во враќањето во Баерн Минхен.

Раководството на баварскиот гигант во него ја гледа најреалната опција за заменик на Мануел Нојер, кој ја скрши ногата на скијање и ќе отсуствува до крајот на сезоната.

„Нема смисла да се вратам назад. Не знам колку е сериозна повредата на Мануел. Но, мислам дека тој повторно ќе биде фит до лето, најдоцна во подготовките за следната сезона. Ќе стискам палци за него. Мојот фокус е овде во Монако“, изјави Нубел за „Билд“.

Scroll to Top