Во една од најбизарните приказни од јануарскиот преоден рок, најавениот трансфер на Пјер-Емерик Обамејанг од Арсенал во Барселона најверојатно нема да се случи, откако се појавиле големи разлики околу посакуваната плата на габонскиот фудбалер, јавува „Атлетик“.
Обамејанг денеска се појави во Барселона и многумина го протолкуваа тоа како јасен знак дека е новото засилување за тимот на Чави Ернандез, но според информациите од шпанските и англиските медиуми, во Барселона биле зачудени од неговиот потег бидејќи немало договорено ништо.
Обамејанг во Арсенал заработува фантастични 350.000 фунти, и иако бил подготвен за „одредено“ намалување на платата, сумата која ја предложил била превисока за каталонскиот клуб, кој се мачи да ги регистрира играчите според стриктните правила на Ла лига.
32-годишниот Обамејанг ја загуби капитенската лента во Арсенал по конфликтот со менаџерот Микел Артета поради дисциплински прашања, но сега ќе мора да се врати во британската престолнина и да го чека летниот преоден рок за било каков трансфер.
? EXCLUSIVE: Barcelona / Arsenal talks for Pierre-Emerick Aubameyang loan have broken down over salary. 32yo returning to London from what’s said to have been a family trip to Spanish city. Unless #FCBarcelona find major money it’s off @TheAthleticUK #AFC https://t.co/eRNFZ74LsC
— David Ornstein (@David_Ornstein) January 31, 2022