Фудбалерот на Челси, Пјер-Емерик Обамејанг, ја освои првата титула во кариерата, иако во текот на кариерата настапуваше во големи екипи. И тоа не со тимот од „Стемфорд бриџ“, туку со Барселона, за која оваа сезона одигра осум минути во Ла Лига.
Со Борусија Дортмунд никогаш не освои титула, со Арсенал го освои само ФА Купот и Комјунити Шилд, со Сент Етјен го освои Лига купот, а сега во својата 34. година ја освои првата титула во кариерата.
Не би било ништо чудно, доколку во моментот не е член на англискиот премиерлигаш Челси, кој е далеку од такви постигнувања оваа сезона.