Top Sport

Обамејанг и Арсенал го нокаутираа Тотенхем (Видео)

Арсенал го доби Тотенхем, во дербито на северен Лондон со 4:2. Со оваа победа Арсенал го мина ривалот на табелата е сега се наоѓа на четвртото место. Двата тима имаат по 30 бода, но „топџиите“ се со подобра гол-разлика.

Лондонските ривали на „Емирејтс“ одиграа еден од најдобрите натпревари оваа сезона во Премиер лигата.

Арсенал го отворија резултатот со голот на Обамејанг од пенал, но до крајот на полувремето Тотенхем одговори со головите на Даер и Кејн од пенал.

Во второто полувреме Арсенал го надигра ривалот, најпрвин Обамејанг постигна брилијантен гол за 2:2. Лаказет, кој во игра влезе во вториот дел му донесе предност на Арсенал во 74.минута, а три минути подоцна Тореира го нокаутира противникот.

Scroll to Top