„Франс фудбал“, француските организатори на „Златната топка“ ги објавија кандидатите за Копа трофејот, за најдобар светски фудбалер под 21 година, со малку изненадувања во составот. Минатата година, трет добитник на наградата стана ѕвездата на Барса, Педри, следејќи ги Килијан Мбапе (2020) и Матијс де Лихт (2019).
Во листата на најдобри млади играчи во минатата сезона се Карим Адејеми (Борусија Дортмунд), Џуд Белингем (Борусија Дортмунд), Едуардо Камавинга (Реал Мадрид), Гави (Барселона), Рајан Гравенберх (Баерн Минхен), Нуно Мендеш (ПСЖ), Џамал Мусијала (Баерн Минхен), Јошко Гвардиол (РБ Лајпциг), Букајо Сака (Арсенал) и Флоријан Вирц (Баер Леверкузен).
The ten Kopa Trophy nominees ⤵️
?? Karim Adeyemi
? Jude Bellingham
?? Eduardo Camavinga
?? Gavi
?? Ryan Gravenberch
?? Nuno Mendes
?? Jamal Musiala
?? Joško Gvardiol
? Bukayo Saka
?? Florian Wirtz#TropheeKopa #ballondor pic.twitter.com/d15OVTJYNJ
— Ballon d'Or #ballondor (@francefootball) August 12, 2022