Круз Азул стигна до својата петта победа едноподруго, триумфирајќи над Толука на „Азтека“ во Мексико Сити со 3:2, но резултатот не ја покажува драмата која се случи кога судијата Оскар Масијас Ромо случајно ја имаше најдобрата одбрана на мечот.
Луис Ромо ја погоди стативата и покрај тоа што го совлада голманот на Толука, Луис Гарсија, по што имаше чист удар на голот, но топката заврши ненамерно кај судијата, кој ја погоди топката и ја исфрли во аут. И покрај протестите на фудбалерите, мечот продолжи со топка за Толука, пред Гијермо Пол Фернандез да ја донесе победата за Круз Азул.
Круз Азул се лидери во Клаузура шампионатот во Мексико со 15 поени пред Толука со 13.