Top Sport

Бостон Селтикс подготвиле понуда за Ентони Дејвис

Бостон Селтикс, една од најславните НБА франшизи, биле подготвени да преговараат со Њу Орлеанс Пеликанс, околу првата ѕвезда на франшизата од Луизијана, Ентони Дејвис. Од претходно е познато дека Дејвис во своите редови го сакаат и ЛА Лејкерс.

Според познатиот новинар Адријан Војнаровски, Селтикс биле сериозни во намерите да го донесат 25-годишниот крилен-центар.

„Бостон неколку години го ‘ловат’ Дејвис. Не се откажале од него, дали тоа ќе биде оваа сезона или на почетокот на наредната. Дени Ејнџ има многу млади играчи што може да ги искористи за да го реализира трејдот на Дејвис. Меѓутоа тука се и Лејкерси, кои можат да ги понудат сите свои млади играчи со цел да дојдат до Дејвис“, истакнал Војнаровски.

Дејвис е најдобриот центар во НБА лигата, а оваа сезона има просек од 28 поени и 12,4 скока по натпревар.

Scroll to Top