Top Sport

Олимпик Марсеј продолжува со победите во Франција

Олимпик Марсеј ја забележа 12. победа во Лига 1 оваа сезона откако на домашен терен го совлада Лориен со 3:1. Тимот на Игор Тудор сега има пет бода минус во однос на лидерот Пари Сен Жермен.

Гостите поведоа со голот на Теремас Мофи во 29.минута, но израмни Сеад Колашинац до крајот на полувремето.

Во вториот дел, Алексис Санчез се погрижи за пресврт во 53.минута, а Џордан Верету го постигна третиот погодок само шест минути подоцна.

Scroll to Top