Легендарниот поранешен германски голман, а сега генерален директор на Баерн Минхен, Оливер Кан е загрижен дека се поставува премногу притисок на фудбалерите да бидат политички активни по настаните на Светското првенство во Катар.
Токму германската репрезентација во Катар го направи најголемиот политички гест, кога ги затворија устите, симболизирајќи дека се замолчени да зборуваат за човековите и ЛГБТ правата во земјата домаќин. Репрезентацијата дури го загуби спонзорството од синџирот супермаркети „REWE“ поради тоа што фудбалерите не продолжиле со кампањата „OneLove“ за ЛГБТ правата.
„Политизацијата која се одвива во фудбалот станува поекстремна и поголема. Тоа носи товар на фудбалерите и на целиот фудбал. Фудбалот може да биде мозаик и да поставува пример, но не може да ја преземе улогата на другите сили во општеството“, вели Кан.