Top Sport

„Омилениот“ судија на Роналдо ќе го отвори ЕП

Утре во Рим, со натпреварот помеѓу Италија и Турција, ќе започне Европското првенство во фудбал.

Првиот натпревар на првенството ќе го судат арбитри од Холандија, предводени од Дани Мекели.

Човекот чии свиреж ќе го означи почетокот на борбата за континенталната титула, пред неколку месеци беше во центарот на вниманието, во светот на фудбалот.

Во квалификацискиот натпревар помеѓу Србија и Португалија, Мекели и неговите помошници, не го видоа голот на Роналдо во финишот на натпреварот. На тој начин Португалија освои само бод против Србија.

Потоа Мекели им се извини на Португалците за голот што не го видоа, а десет дена подоцна тој го отпушти помошникот, кој беше на страната на која се случи спорниот момент.

Scroll to Top